Тој сака да игра во Европа.
Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср го доведе еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, за плата од 500.000.000 евра за две и пол години, а истото се обиде да го направи и со Лионел уште еден саудиски гигант – Ал Хилил.
Клубот од Саудиска Арабија му понуди на Меси астрономски 300.000.000 евра и сакаше да го направи Аргентинецот најбогат спортист во историјата, но тоа не беше доволно.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Меси кратко размислувал и се откажал од преселба во Саудиска Арабија. Фудбалерот на Пари Сен Жермен дефинитивно останува во Европа.
Прашање е само дали 35-годишниот ќе остане во Париз или ќе го напушти „Паркот на принцовите“ следното лето кога ќе му истече договорот.
Најверојатно Меси ќе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и ќе игра во француската Лига 1 во сезоната 2023/24.
Следете не, не има насекаде