мај 3, 2026

Распишана потерницата по 18-годишниот Македонец, кој се обиде да убие член на мафијашки клан

Вишото државно обвинителство во Подгорица издаде наредба за спроведување истрага и предлог за притвор против 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, кој е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша Кан (56) од Будва. Според полициските податоци, Кан е висок член на криминална група од Будва, која е тесно поврзана со Шкаљарскиот криминален клан.

Според Обвинителството, Танасковски на 7 август, на базенот од хотелскиот комплекс „Маестрал“ во Будва, испукал неколку проектили кон Кан, при што му нанел тешки телесни повреди.

„Наредбата е доставена за понатамошно одлучување до Вишиот суд во Подгорица, до истражниот судија“, информираат од Обвинителството.

Полицијата на 15 август објави дека случајот е решен, идентификувајќи го Танасковски како директен сторител. За него е распишана потерница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK