мај 3, 2026

„Најдобрата поп композиција на Балканскиот Манир“ на престижниот фестивал „Охрид фест“ во 2025 година и припадна на Ана Станојевиќ, ѝ честитаа Дадо Топиќ, Ана Петановска, Григор Копров и многу други

Станојевиќ ги воодушеви љубителите на музиката, а откако ја обработи песната „Македонско девојче“ во помодерен аранжман, уште еднаш ја покажа љубовта кон Македонија.

Имено, викендов во Охрид се одржа традиционалниот фестивал „Охрид фест“, каде во поп-вечерта, песната „Навикла сам да ме лажу“ ја освои наградата „Најдобра поп композиција на Балканскиот Манир“. Ана остави одличен впечаток, а ги запозна легендарните Дадо Топиќ, Ана Петановска, Григор Копров и доби поддршка и честитки за наградената патека.

„Среќна сум што сум наградена, заедно со моите соработници. Благодарам на мојот тим, Хрвој Шепаровиќ, Амир Пушкар и Нинослав Адемовиќ кои направија извонредна комбинација и вешто ги исткаија тоновите на хармоника во поп манир“, рече Ана.

Share

The post Поп-пејачката Ана Станојевиќ ја доби наградата „Најдобра поп композиција на Балканскиот Манир“ на „Охрид фест“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK