септември 21, 2024

Американската Агенција за храна и лекови и американскиот Центар за контрола и превенција на заразни болести детектираа ран сигнал за врска меѓу вакцината на Фајзер и мозочен удар кај лица постари од 65 години. Според податоците кои ги имаат, најризичниот период трае 21 ден по примање на вакцината против ковид.

Здравствените власти во САД предупредуваат: Вакцината Фајзер можеби е поврзана со еден вид мозочен удар кај повозразните

Системот за мониторирање на безбедноста означи дека вакцината против ковид на американскиот производител на лекови Фајзер и германскиот партнер Бионтек можеби е поврзана со еден вид мозочен удар кај постарите лица, на што укажуваат прелиминарните податоци анализирани од американските здравствени власти.

Центарот и Агенцијата соопштија дека во базата на податоци за вакцини откриен е можен безбедносен проблем во кој луѓето на возраст од 65 години и постари имаат поголема веројатност да настрадаат од исхемичен мозочен удар. Веројатноста е поголема во рок од 21 ден по добивање на вакцината отколку од 22-от до 44-от ден.

Исхемичен мозочен удар, познат и како мозочна исхемија, е предизвикан од блокирање на артериите кои носат крв до мозокот. ФДА и ЦДЦ рекоа дека други големи студии и бази на податоци уште го немаат регистрирано ова безбедносно прашање.

„Иако е мала веројатноста ова да претставува вистински клинички ризик, веруваме дека е важно да се сподели оваа информација со јавноста“, велат здравствените власти на САД.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK