мај 2, 2026

Кошаркарите на Грузија ја победија Франција со 80:70 во натпреварот од осминафиналето на Евробаскетот, во следната рунда ќе играат против Финска, која ја елиминираше Србија.

Селекцијата на Фредерик Фоту во најголемиот тек од натпреварот ја бркаше негативата, крајот подлегна на притисокот. Избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ приредија првокласна сензација совладувајќи ги олимписките вицешампиони со 80:70.

Торнике Шенгелија и Камар Болдвин беа најефикасни во редовите на Грузија со по 24 поени. Александар Мамукелашвили го постигна 14 поени.

Французите ужасно шутира ана овој натпревар, промашија дури 29 тројки (6/35), што е најмногу откако ФИБА води статистика.

Силван Франциско постигна 14, а Гершон Јабуселе 12 поени.

foto/ EPA

Share

The post Уште една сензација на Евробаскетот – Грузија ја елиминира Франција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK