мај 2, 2026

ВодителкатаБојана Лазиќ ненамерно ја соопшти најрадосната вест – Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина очекуваат девојче.

Лазиќ, која ќе го води музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“ заедно со Амиџиќ, зборуваше за новиот ангажман, но и за колегата со кого веќе има одлична енергија на сцена.

„Имавме проба вчера и беше фантастично. Огњен ме поддржа уште од почетокот, а Милица Митровиќ ја прифати одлуката со големо воодушевување. Се чувствувавме како вистински тим“, рече Лазиќ.

Во истото интервју таа се осврна и на приватниот живот на познатиот водител.

„Му честитав – уште една ќеркичка! Фантастично. Тој изгледа како да има 25 години и целосно е подготвен за третото дете. Не се жали, спие, а со ваква жена и мајка како што е Мина – сè е на свое место“, откри Лазиќ.

 

Share

The post Огњен Амиџиќ ќе стане татко по третпат appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK