мај 2, 2026

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска во Охрид доби подарок пес Караман кој се очекува наскоро да биде признаен за автохтона македонска раса.

,,Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса.

Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која открива дека на средбата и било подарено куче Караман, ,,симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух”.

Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот, пишува претседателката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK