мај 2, 2026

Во неделата вечерта околу 21:50 часот во село Криви Дол, штипско, избувнал пожар на трансформатор во сопственост на ЕВН Македонија.

Според информациите на полицијата, при инцидентот нема повредени лица. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип веднаш излегла на терен и успешно го локализирала и изгаснала пожарот.

Причините за избувнувањето на огнот засега не се познати. Надлежните институции најавија дополнителна проверка и увид на местото на настанот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK