мај 2, 2026

Маж на возраст од 46 години попладнево се удавил во водите на Дебарско Езеро, во делот близу Општина Центар Жупа.

-Во 16.05 часот, во ОВР Дебар е пријавено дека, во водите на Дебарско Езеро во близина на селото Папрадник, Општина Центар Жупа, било забележано безживотно машко тело. Од преземените мерки на терен, полициските службеници од ОВР Дебар, констатирале дека се работи за М.И.(46) од Скопје, информираа од полицијата.

Увид на местото извршиле полициски службеници и јавен обвинител, а по наредба на јавниот обвинител телото е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.

Ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро. На крајот на јуни жена на возраст од 27 години се удави во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои веднаш ја извлекле од водата и се обиделе да ја реанимираат, но обидите биле безуспешни.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK