мај 2, 2026

Во време кога јавноста често слуша за злоупотреби и непотребни трошења на општински пари, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, е редок пример на чесност и одговорност.

Во двата негови мандати, за репрезентација на градоначалникот се потрошени 0 денари, а исто толку – 0 денари – за патни трошоци. Дополнително, во Општината не вработил ниту еден член од своето потесно семејство. Неговиот син својот пат го продолжил во Белгија, додека сопругата и помалиот син сами нашле работа во приватниот сектор.

„Можеби некои ќе речат дека сум будала и дека никој нема да ми рече фала, но јас верувам дека така треба да функционира секоја нормална власт и држава“, порачува Ногачески.

Со ваквиот пристап, Ногачески ја потврдува својата заложба дека јавната функција е служба за граѓаните, а не привилегија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK