мај 2, 2026

Ноќеска два часа после полноќ бил запален автомобилот на претседателот на скопската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски Чомбе.

Автомобилот „мерцедес“ му бил паркиран пред зградата во која живее кај Чешма во Кисела Вода.

Ноќеска околу 2.50 часот беше запален и потоа целосно изгоре автомобилот. Колата беше паркирана пред зграда, а ме разбуди брат ми и ми кажа дека се слушаат експлозии од пукањето на гумите, рече Галетановски за „Фокус“.

За тоа дали пожарот е подметнат и дали се сомнева во некого, поранешниот директор на Зоолошка градина Скопје, рече дека остава полицијата да си ја сработи работата.

– Не се сомневам дека ова има политичка позадина. Оставам полицијата да си ја сработи работата и да го најде лицето кое го сторило ова. Не сум добивал закани од никого во последно време ниту пак сум скаран со некого во градов за ова да ми се случи, истакна Галетановски за „Фокус“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK