мај 2, 2026

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.

Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој брзо стана тема и поради неговата облека.

На сите им го привлече вниманието со неговите виолетови патики, како и со неговата маица и шорцеви кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда наскоро стане модна икона.

Алкараз носеше светло розова маичка без ракави и виолетови шорцеви, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Сите зборуваат за патиките на Карлос Алкараз: дали тој е новата модна икона? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK