мај 2, 2026

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој е дел од ВЛЕН и коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во Владата, денеска одби да одговори на новинарските прашања на македонски јазик.

На настанот по повод промоција на црвените таблички кои ќе ги издвојуваат службените возила, заедно со Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, изјава имаше и вицепремиерот Фетаи. По изјавата новинарите поставија свои прашања, а Фетаи на сите новинари им одговараше на албански јазик.

Кога новинарите го замолија да одговори на македонски Фетаи рече дека не може, „ако може да одговори на албански“.Видео ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK