мај 2, 2026

Група македонски туристи вечерва со страв се враќаат од празнична посета на Истанбул.

Причината е што автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ постојано прегрева, па мораат да застануваат цело време за да има време да се излади моторот и да можат да го продолжат патувањето кон Скопје.

Патничка во автобусот за А1он раскажува дека најпрво 5 часа чекале во Истанбул да тргнат, механичарите кои се обиделе да го поправат автобусот рекле дека не е во ред возилото, и ќе мораат полека да возат кон Македонија.

Дел од патниците, меѓу кои има и деца, но и пензионери, се јавиле кај сопственикот на агенцијата, кој им рекол дека нема никаков проблем со автобусот.
Ароганцијата на сопственикот на туристичката агенција кој им спуштил телефон создаде дополнителен револт кај патниците кои не се чувствуваат безбедни и се молат здрави и живи да стигнат во земјава. Сепак, патници има и од други градови во Македонија, не само од Скопје.

Информациите кои ги има А1он се дека возач на автобусот кој постојано мириса на изгорено е постар човек, а со него има помлад возач кој сега го учи патот кон Истанбул. Автобусот е полн со вода во долниот дел, цело време доставаат вода штом се прегрее.
За повеќе инфо Тука

4NEWS.MK контактираше со компанијата „Ганиќ Ексклузив“, од каде велат дека возилото било во исправна состојба и извршени се редовен и вонреден технички преглед. Компанијата објасни дека за време на враќањето дошло до пукање на црево и загревање на моторот, поради што автобусот не можел да продолжи патот.

Автобусот кој што беше испратен на пат за Истанбул беше во комплетно исправна состојба, со извршен редовен и вонреден технички преглед, со потврда за исполнување на посебните техничко – експлатациони услови, автобусот дополнително беше проверен од сервис во Скопје пред да појде на пат. За време на враќање од Истанбул за Македонија непредвидено дојде до пукање на црво и загревање на моторот поради што автобусот неможеше да го продолжи патот. Поради пукање на црево патниците не се доведени до никаков ризик, но поради дефектот автобусот неможеше да продолжи на пат кон Македонија. Веднаш кога се појави дефектот сопственикот на агенцијата превзема одговорност за да се среди дефектот со барање на механичари кои би го средиле проблемот (како патниците не би чекале со часови додека дојде друг автобус). Се работи за странска земја каде што немаме контакти од многу механичари. Очекувавме дека дефектот ке биде среден од механичарите. Бидејки дефектот не беше среден, нашата компанија веднаш испрати друг автобус од Македонија“, велат од компанијата за 4NEWS.MK, објави 4NEWS.mk

Компанијата нагласува дека туристите ќе пристигнат во Македонија во следните часови и изразува жалење за непријатноста предизвикана од непредвидениот дефект на автобусот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK