мај 2, 2026

Основачот на Амазон, Џеф Безос, и неговата сакана Лорен Санчез уживаат во животот и бракот.

Папараците неодамна ги фотографираа пред ресторан во Западен Холивуд, а вљубените, покрај нивните блескави насмевки, ги покажаа и квалитетите на брачниот живот.

Се чини дека Безос малку се „опуштил“ по свадбата. Тој ја покажа својата брада која штотуку почнала да расте, а досега не сме го виделе во тоа издание јавно.

Што се однесува до стајлингот, тој се одлучи, како и претходно, за црно издание – од глава до пети.

Од друга страна, неговата сакана сопруга сè уште „пука“ од сексапил. Лорен носеше кафеав фустан со бели реси и интересни детали на долниот дел.

Фустанот имаше длабоко деколте, и на тој начин госпоѓа Санчез Безос, по којзнае кој пат, ги истакна своите гради.

Таа го комплетираше изгледот со брановидна фризура и минимална шминка во земјени тонови.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Безос малку се „опушти“ по свадбата, но неговата сакана сè уште „пука од сексапил“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK