мај 2, 2026

23 нови мотоцикли и опрема за сообраќајната полиција, одлична меѓуинституционална соработка со РСБСП.

Денеска заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски, присуствував на предавање на нова опрема за нашата сообраќајна полиција. Се работи за 23 мотоцикли „Piaggio“ со 310 cm³ моќност во полициска изведба и комплетна возачка опрема – одела, кациги, ракавици и чизми.

Ова е уште една потврда за успешната соработка помеѓу МВР и РСБСП, партнерство кое директно придонесува за зголемување на безбедноста на патиштата. Верувам дека само преку заедништво и координација можеме да обезбедиме подобри услови за работа на полициските службеници и поголема сигурност за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме и понатаму со истата посветеност, безбедноста во сообраќајот останува наш врвен приоритет.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK