април 28, 2026

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли конечно ја решија четиригодишната мистерија – кој бил чудниот гостин што се појавил на нивната свадба во Прествик.

На фотографиите од венчавката се гледал висок маж во костум кој изгледал збунето, а никој од присутните не знаел кој е. Се испостави дека тоа бил Ендру Хилхаус, кој всушност требало да оди на друга свадба – само два километри подалеку.

Тој сфатил дека е на погрешното место дури кога невестата зачекорила кон олтарот. Сепак, останал доволно долго за да влезе во заедничката фотографија, пред дискретно да си замине.

Вистината излегла на виделина дури четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.

„Се смеевме со солзи! Не можеме да веруваме дека конечно го најдовме по толку време“, изјави невестата.

Share

The post Непоканет гостин на свадба – по четири години открија кој е мистериозниот маж на фотографиите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK