април 25, 2026

Атлетико Мадрид го победи Виљареал со 2:0 (1:0) во четвртото коло од Примера, што е прва победа за „јорганџиите“ оваа сезона по пораз и два нерешени натпревари. Во исто време „жолтата подморница“ го забележа првиот пораз во Ла Лига оваа сеозна.

Тимот предводен од Диего Симеоне имаше многу посериозен пристап кон играта и поведе во деветтата минута со голот на Пабло Бариос, на кого му асистираше аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез.

Атлетико доминираше во поседот во првиот дел, Симеоне промаши „мртва шанса“ за 2:0, а на споритвната страна ударот на Алберто Кореиро помина крај стативата. Виљареал можеше да се врати во натпреварот во 45.минута, но Пепе од слободен удар ја погоди гредата.

Конечниот резултат го постави дебитантот во дресот на Атлетико Нико Гонзалез во 52. минута, кој беше највисок по центаршутот на Маркос Љоренте и ја испрати топката со глава во мрежата на Бразилецот Луиз Жуниор.

Атлетико постигна уште еден гол, но судијата Мунуера пресуди дека Лнгле направил фаул во напад.

Виљарела во вториот дел ниту еднаш не се закани кон голот на Јан Облак.

Атлетико ќе ја започне новата сезона од Лигата на шампионите во Ливерпул во среда, а потоа ќе гостува на Мајорка во недела. Виљареал, во вторник ќе гостува кај Тотенхем, а потоа на „Керамика“ ќе ја пречека Осасуна.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Атлетико лесно го победи Виљареал, деби гол на Нико Гонзалес appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK