април 21, 2026

Во јавноста излегоа нови детали околу неодамнешниот случај на киднапирање на млада девојка од Штип од страна на женско лице од Кочани.

Киднапираната е (21) годишна штипјанка, вработена во СВР Штип со иницијали М.С. од нејзина колешка вработена во ПС Кочани Ј.Н. која со помош на уште едно женско лице ја грабнала , ја однеле во една штипска населба , над неа употребиле физичка сила и целосно го снимала настанот.

Според информациите од МВР, на 14.09.2025 година во 07:50 часот полициски службеници од ОВР Кочани ја лишиле од слобода Ј.Н. (28) годишна од Кочани, која е исто така полициска службеничка. Двете девојки се колешки во МВР.

Причината за овој драматичен настан, според првичните сознанија, се љубовни проблеми на киднаперката, кои довеле до напади врз нејзината колешка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дали граѓаните можат да се чувствуваат безбедно со луѓе кои наместо да го одржуваат јавниот ред и мир , тие се тие кој прекршуваат закони ?

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK