април 24, 2026

Актерката Кејт Бланшет неодамна присуствуваше на 77-мото доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес и ги привлече погледите на црвениот тепих со својата облека. За посебната вечер, таа одбра да носи црн кадифен комбинезон од „Армани“.

Станува збор за облека со широки ногавици и интересен горен дел што го нагласува градите. Комбинезонот има и отворен грб, што му дава на целиот изглед допир на сексапил.

За да го комплетира изгледот, Кејт се одлучи за едноставна шминка во земјени тонови што ги истакнуваше нејзините природни црти на лицето и брановидна коса.

Со тоа, таа уште еднаш ја оправда својата титула модна икона која никогаш, ама баш никогаш не греши при изборот на облека и модни додатоци за специјални настани.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) Заводливо и елегантно: Кејт Бланшет го носи најсовршениот комбинезон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK