април 30, 2026

Грчкиот клуб Аминтас, кој настапува во Втората лига и е предводен од тренерот Адријано Котевски, успешно го одработува подготовителниот период пред почетокот на новата сезона. Во составот играат македонските ракометари – тројцата прилепчани: Синиша Павлов, Стефан Лозаноски и Владимир Трајкоски, кои веќе се наметнуваат со своите настапи.

Сите тројца ракометари летово потпишаа за грчката екипа, која има амбициозни планови за во иднина.

На првата контролна средба против Пилеа, Аминтас запиша победа со 30:26. Павлов и Трајкоски постигнаа по осум погодоци, додека Лозаноски се запиша со четири. Вчерашниот дуел против Воден, екипа која минатата година го заврши шампионатот на второто место, заврши со минимален пораз од 32:31. Иако резултатот не беше во нивна корист, избраниците на Котевски оставија силен впечаток и покажаа дека можат да играат рамноправно и против многу поквалитетни ривали.

На тој натпревар особено се истакна Павлов со дури 14 погодоци, а Лозаноски реализираше 10 пати.

The post Прилепчани растураат во Грција appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK