април 30, 2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оцени дека големиот број инфлагрантни коруптивни случаи откриени од МВР во изминатата година покажува дека министерството има поинаков и суштински пристап во борбата против корупцијата, објави 4NEWS.mk

„Сметам дека сме на прав пат, но нè чека уште многу работа за да се постигне значително намалување на корупцијата во Македонија“, рече Тошковски.

Тој појасни дека Одделот за внатрешна контрола презел голем број случаи и процесни дејствија, кои довеле до соодветно санкционирање на оние што се однесувале непрофесионално и коруптивно.

„Покажуваме дека имаме јасна визија: местото на професионалците и чесните е во рамки на МВР, а останатите не треба да се дел од безбедносните структури“, додаде министерот.

На прашање за фемицидот во Велес и дали се врши контрола на постапувањето на полицијата, Тошковски рече дека внатрешната контрола постапува и дека јавноста ќе биде информирана штом заврши проверката.

The post Тошковски: МВР бележи резултати во борбата против корупцијата.. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK