април 30, 2026

Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на изминатата недела, во десетина различни случаи лишија од слобода вкупно 40 лица, како и двајца малолетници, кај кои што при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети марихуана и бела грутчеста и прашкаста материја.

Исто така, врз основ на извршени претреси по претходно добиени Судски наредби во текот на минатата седмица, во четири одвоени случаи покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, стебла од канабис сатива, семки од канабис, дробилки, дигитални ваги, беа приведени и пет лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ. Воедно на граничниот премин Табановце минатата недела при влез во земјава, во два одвоени случаи – во првиот кај белгиски државјанин а во вториот кај германски државјанин – беа исто така откриени марихуана, семки од канабис како и бела прашкаста материја и кафена грутчеста материја.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK