Љубителите на тенисот и обожавателите на Новак Ѓоковиќ ги загрижи веста дека српскиот тенисер го откажа тренингот закажан за денеска.
Ѓоковиќ има проблем со задната ложа, па љубителите на тенисот се прашуваат дали ќе има проблеми на Австралија опен каде Новак од 16 до 29 јануари ќе се обиде да ја освои десеттата јубилејна титула.
Да потсетиме, Ѓоковиќ го напушти тренинг-натпреварот против Данило Медведев, бидејќи, како што самиот рече, почувствувал стегање во задната ложа.
Инаку, доколку сè биде во ред, Ѓоковиќ ќе го отвори својот прв Грен слем настап сезонава против Пабло Карбалес Баена.
Следете не, не има насекаде