септември 20, 2024

Британскиот принц Хари во разговорот за весникот The Telegraph вели дека во своите неодамна издадени мемоари не спомена сѐ што се случувало меѓу него и неговите татко и брат, бидејќи „никогаш не би му простиле“, додавајќи дека имал доволно материјал за уште една книга.

Во книгата насловена „Spare“ (Резерва), објавена во вторникот, принцот Хари проговара за проблемите во односите со своето семејство, особено со својот брат принцот престолонаследник Вилијам и татко му кралот Чарлс Трети.

Хари изнесува детали за долготрајните напнати односи со братот, коишто кулминирале кога во една кавга во 2019 година во врска со неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл го соборил на земја.
Во интервјуто за The Telegraph објавено во петокот, Хари вели дека првиот нацрт за книгата од 800 страници бил скратен за малку повеќе од 400 страници и дека на својот „писател од сенка“ Џон Џозеф Мерингер, попознат под псевдонимот Џи Ар Мерингер споменал некои инциденти за коишто не сакал да бидат објавени.

„Би можело да бидат две книги, да кажеме така“, вели Хари.
Вели дека не било возможно да биде раскажана неговата приказна, а во неа да не бидат вклучени нешта за другите членови на британското кралско семејство.

„Но постојат некои работи кои се случија, особено меѓу мене и мојот брат и во одредена мера меѓу мене и мојот татко, за кои едноставно не сакам светот да знае. Бидејќи мислам дека тоа никогаш не би ми го простиле. Сега би можеле да кажете дека и онака никогаш нема да ми простат за некои од нештата што ги ставив во книгата“, вели Хари.
Портпаролите на членовите на кралското семејство досега не коментираа за ништо изнесено во книгата, ниту во низата интервјуа коишто Хари ги даде.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK