април 30, 2026

На 24 септември 2025 година, околу 15:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булевар „Гоце Делчев“ и улица „Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.Х. (45) од село Желино, тетовско, и патничко возило „Сеат Алтеа“ исто така со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (43) од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „Сеат Алтеа“ и неговиот сопатник Е.С. (35) од село Долна Бањица, гостиварско. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK