април 30, 2026

Во изминативе три дена, Општина Аеродром собра 24 тони комунален отпад, односно над 170 м³, од домаќинствата – работа која, како што истакнува градоначалникот Дејан Митески, не ја изврши градското комунално претпријатие.

„Ова беше можно само благодарение на ангажманот и трудот на работниците на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром“, нагласува Митески.

Сепак, поради вонредната ситуација, дел од редовните активности како чистење на плочници и тротоари, косење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја и гранки, па дури и собирање на кабаст отпад, можеби биле запоставени.

Градоначалникот се извини на жителите за непријатностите и побара разбирање за состојбата. Дополнително, против одговорните за оваа ситуација поднесени се кривични пријави до МВР и Основното јавно обвинителство за загрозување на животната средина.

„Ова не е само прашање на отпад – ова е прашање на достоинство, здравје и иднина“, потенцира Митески.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK