април 19, 2024

Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 Целзиусови степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје наутро ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Денеска во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, само на планините ќе бидат од снег.
Сообраќајот по претежно суви коловози, на Табановце се чека околу 30-40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце за влез и излез се чека околу 30-40 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат утринава од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK