април 30, 2026

Кристијано Роналдо постигна гол, а Ал-Наср ги демонстрира своите шампионски амбиции со победа од 0-2 како гостин против главниот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се искачи самостојно на врвот на табелата. Португалската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 35. минута и сега има вкупно 946 голови во својата кариера.

Друг херој за Ал-Наср беше Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата минута, а потоа асистираше за погодокот на Роналдо, кој со четири гола е втор на листата на стрелци, еден помалку од својот соиграч Жоао Феликс.

И двата тима влегоа во дербито со максимални девет бода по првите три кола.

Share

The post Роналдо и Мане блеснаа во големата победа на Ал-Наср против Ал-Итихад appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK