април 30, 2026

На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв” со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот.

Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на   регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучиле од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Охрид, по што тој е спроведен во ОВР Гостивар. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK