април 30, 2026

На 26.09.2025 околу 19:00 часот во с.Страчинци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(50) од селото.

Претходно, при преземање службени дејствија, полициски службеници од ЕИП при СВР Скопје забележале дека под стреата од неговата куќа има закачени гранки и стебла во саксии од растението канабис. Подоцна, со судска наредба, Единицата за недозволена трговија изврши претрес во неговиот дом, при што беа пронајдени и одземени 90 гранки од растението канабис и две ќеси со помали гранчиња од растението канабис.

Лицето е задржано во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK