Грчката музичка ѕвезда Александра Прехер му испрати порака на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.
Аура, како што е позната во Грција, му се обрати на српскиот тенисер од Атина и му испрати порака.
„Ноле, не сум од Србија, но… Ноле, слушнав дека си се преселил во Атина и те барам, затоа што сакам да ти ја отпеам ‘Ти моје злато’“, рече Александра, а потоа додаде:
„Па, каде си Ноле, каде си? Те барам, те барам“, изјави таа и ја отпеа познатата песна.
Ѓоковиќ го пресели турнирот „Белград Опен“ од главниот град на Србија во Атина, а се шпекулира дека и комплетно веќе е преселен во грчката престолнина.
The post Грчка музичка ѕвезда му порача на Ѓоковиќ: „Сакам да те најдам и да ти ја отпеам оваа песна“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
