Неколку ученици од Штип завршија во болница со симптоми на труење, откако јаделе сендвичи од сендвичара во близина на познатото училиште ЕМУЦ. Родителите алармираат дека симптомите се појавиле само неколку часа по консумирањето на храната – повраќање, дијареа, висока температура и слабост. Сомнежот паѓа на расипано месо или компири, кои биле дел од оброкот што го јаделе учениците.
Една од мајките храбро застана пред нашите камери, решена да проговори за она што, според неа, е случај на контаминирана храна што се служи на деца.
Со вознемиреност, раскажува
,,Детето јадело стек со компири од сендвичарница, веројатно така и другите деца се заразиле и имат тровање. Веќе неколку дена се овде во болницата, од четвртокот и петокот се овде децата. Кога дојде дома детето беше бледо и поспано и имаше температура. Потоа имаше гадење, пролив и така продолжи истата ситуација и во петокот. Кога стана по често дојдовме во болницата овде со упот за да им дадат инфузија. Веројатно е тровање, затоа што има и многу други другарчиња и од контамирана храна, доставена во сендвичарницата. Веројатно е некое расипано месо, најверојантно стек или компири, нешто такво.“, рече мајката на детето
Загрижена од ситуацијата, мајката упатува јасен повик до надлежните да го засилат надзорот над храната што се продава и служи на децата. Според неа, важно е да се обезбеди хигиенска исправност на храната, како во магацините така и во угостителските објекти.
,,Јас апелирам храната што е оставена по магацините да се контролира и да се продава хигиенски исправна храната и на сендвичарите и на рестораните, каде што се служат децата со храна. Да нема контамирана храна и од магацините да се воде сметка како се продава, а и како се обработува во рестораните и сендвичарите.
Нашата телевизија во текот на следната работна седмица ќе се обрати до Агенцијата за храна и ветеринарство за да добие официјална информација за преземените мерки и контрола на сендвичарницата каде што е пријавено труењето. Во моментов, учениците се на безбедно и се згрижени во штипската болница.
The post Затруени ученици од сендвичи од сендвичарница во Штип, причината според родителите е контаминирана храна appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
