април 30, 2026

Во рамките на шестото коло од англиската Премиер-лига, Челси, Ливерпул и Манчестер jунајтед претрпеа порази истиот ден – редок случај кој статистичката платформа „Опта“ го бележи за првпат во овој век.

Сличен настан се случил последен пат на 16 април 1994 година, пред повеќе од 31 година. Тогаш Јунајтед загуби со 0-1 од Вимблдон, Челси исто така со 0-1 од Арсенал, а Ливерпул падна со 0-2 од Њукасл.

Интересно е што три децении подоцна има одредени сличности – како во 1994, така и сега Јунајтед и Челси загубија со ист резултат, додека Ливерпул прими два гола.

Овојпат, лондонскиот тим Челси загуби со 1-3 од Брајтон, „црвените ѓаволи“ паднаа со ист резултат против Брентфорд, додека Ливерпул беше поразен од Кристал Палас со 2-1 во Лондон.

 

Share

The post Ливерпул, Челси и Јунајтед последен пат загубиле во ист ден – во минатиот век! appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK