Венко Филипче денеска ја покажа најголемата вистина за себе – стравот. Стравот од моќта на ЗНАМ. Стравот од тоа што граѓаните ја препознаваат искреноста, доследноста и борбата на нашето Движење. Она што навистина го парализира Филипче е очигледниот страв дека на претстојните избори не го чека само пораз, туку катастрофален дебакл од кој враќање назад нема, се вели во реакцијата на ЗНАМ на говорот на лидерот на опозицијата.
„Денес, истиот тој човек кој цело лето го помина на луксузни јахти и крстарења низ Медитеранот, се осмелува да зборува за чесност и да повикува на враќање во СДСМ. Тоа е навреда за сите чесни членови на СДСМ и лицемерие од највисок степен.
Венко, вистината не може да се сокрие со зборови. Твоето владеење беше синоним за криминал и злоупотреби – од скандалозни тендери и провизии во здравството, до неспроведени и нетранспарентни проекти како Клиничкиот центар, кој заврши во коруптивен мрак“, реагираат од ЗНАМ.
The post ЗНАМ кон Филипче: Ќе доживееш невиден политички дебакл на локалните избори appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
