април 30, 2026

Арсенал приреди вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, со само два бода негатива.

Домашниот тим прв стигна до предност благодарение на Ник Волтемаде, кој погоди во 34. минута. Но, Арсенал не се предаде и постојано притискаше.

Наградата дојде во завршницата. Прво Микел Мерино израмни во 84. минута, а потоа Габриел го комплетираше големиот пресврт со погодок во последните мигови од мечот.

Share

The post Арсенал со голем пресврт и гол во 96.минута го победи Њукасл appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK