мај 5, 2026

 Македонскиот каратист и член на клубот Макпетрол, Витомир Трајковски, освои бронзениот медал на Карате 1 Серија А во Атина.

Трајковски во борбата за третото место го совлада Црногорецот Никола Маловиќ со 5:0.

Ова е 45-ти медал за Макпетрол од досегашните повеќегодишни учества на Светската карате лига, а прво одличје оваа година.

На патот до брнзениот медал Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од Гркот Константинос Мастрогијанис со 1:0. Шестата победа беше во директната борба за бронзениот медал со Маловиќ.

На Карате 1 Серија А во Атина настапуваат 1116 натпреварувачи од 75 држави. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK