април 29, 2026

Актерот Игор Џамбазов денеска ја прими наградата „Лауреат“, што му ја додели Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Признанието на еден од најистакнатите актери на МНТ му беше врачено на свеченост во големата сала на Општина Крива Паланка.

– Ова значајно признание претставува израз на длабока почит кон неговиот исклучителен придонес во развојот на македонскиот театар, инспиративното творештво и трајното културно влијание што го остава врз сцената и публиката. Игор Џамбазов е безвременски уметник чие име е синоним за харизма, талент и автентичност – порачаа организаторите.

The post Игор Џамбазов го доби признанието „Лауреат“ на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK