септември 20, 2024

 Пронајдени се 29 тела на загинати во авионската несреќа во Непал, соопшти полицијата, јави ДПА.

-Во тек се напори за гаснење на пожарот и извлекување на преостанатите тела, изјави за ДПА Рудра Тапа, претставник на локалната полиција, стационирана во близина на местото на несреќата.

Околу 300 лица од службата за Итна помош, како и членови на армијата помагаат во спасувачките напори.

Во авионот имало над 70 луѓе. Покрај непалските државјани, во авионот имало и Индијци, Руси, Корејци и по едно лице од Ирска, Аргентина и Франција, јавија индиските агенции, повикувајќи се на аеродромските власти.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK