април 29, 2026

Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија, рече лекарката.

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штикли.

Штекли пред почетокот на денешното рочиште имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот.

-Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија, рече лекарката.

Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски пред Судот реагираше дека епилептичен напад на лице со констатирана епилепсија никако не може да биде нарушување на редот во судницата.

– Од почнувањето на оваа расправа до сега Раде Трајковски ниту го навреди, ниту наруши редот во оваа судница. Непосредно пред почетокот на главната расправа добил епилептичен напад. Обвинетиот вчера бил прегледан и дадена му е терапија од психијатар, со оглед на суицидални идеи. Мора да приметам дека лекарот од општа пракса од Брза помош немаше доблест да каже дали денес примил терапија, зошто ако не примил еден од можните исходи е ова, изјави Дуковски.

Дуковски, нагласи дека посебено сака да се забележи дека на одбраната во ниту еден момент не и е во корист да се одолговлекува судењето.

-Не може да биде нарушување на ред, одбивање на дијазепам од десет милиграми што треба да го направи тука растение и да следи рочиште. Јас не можам по ова денеска да вршам испрашување и вкрстени прашања. Затоа се обраќам до Судот да се даде датум да се изврши ова сослушување, а затворскиот лекар да види дали Штекли има примено или не денеска терапија, изјави Дуковски.

Судијата Илија Трпков, нагласи дека целта на Судот е судењето да биде економично и ефикасно и да се испочитуваат сите права на обвинетите и секако да се грижи за здравствената состојба на обвинетите.

– Во овој предмет не е само Раде. Тука се и други обвинети. Но, со оглед дека имате 20-тина прашања, а сега е веќе 14 часот и да бидеме практични, главната расправа се одложува за 9 октомври. Но, ве уверувам дека сите обиди за одолговлекување ќе бидат санкционирани, изјави судијата Трпков.

Обвинението, поднесено од Обвинителството за гонење на организиран криминал, опфаќа вкупно 10 лица, по речиси едногодишна истрага во која биле применети посебни истражни мерки. Првично биле опфатени 16 лица, од кои седум веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни од 3 до 3,5 години.
Четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков, исто така, поднесоа предлог за признавање вина, по што Судот донесе решение за раздвојување на кривичната постапка.

The post Штекли паднал во судница, одбил да прими терапија – судењето одложено appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK