Александар, син на поранешниот градоначалник на Општина Велес, Славчо Чадиев, влегува во политика. Тој е кандидат за советник во велешкиот Совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Младиот Чадиев само пред неколку дена дипломираше, а неговиот татко ја објави веста дека Александар и официјално станал дипломиран економист.
Инаку, Славчо Чадиев е магистер сурдолог, неговата сопруга е доктор по патолошка анатомија, а и нивната ќерка Билјана е доктор. Александар е единствениот во фамилијата кој не го избрал белиот мантил како животен повик.
Како потсетување, Славчо Чадиев беше градоначалник на Велес од 2013 до 2017 година, а пред тоа седум години беше претседавач на Советот на општината.
Viki.mk
The post Синот на поранешниот велешки градоначалник Чадиев влегува во политика appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
