септември 20, 2024

Ангела Котуровиќ од Струмица влезе директно во третиот круг од најголемото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Ангела пееше песни од Нина Бадриќ и Марија Шерифовиќ. Таа ги освои сите шест гласа од жирито.

„Силна моќ во гласот, убава боја. Вечерва ти ,,пееше’’ во вистинска смисла на зборот’,’ кажа Вики додека Босанац кажа дека Ангела е пејачки капитал на кој треба да се работи и надградува.

Покрај Ангела учествуваше уште една Македонка, Бранка Соколовска (36) на која ментор и е Вики Миљковиќ. Бранка како прва песна ја одбра народната „Ако згрешам, нека изгорам“, а втора „1003“ на Тамара Тодевска.

Бранка како и Ангела се пласираше во следниот круг на шоуто.

 

The post Ангела од Струмица и Бранка од Скопје, две Македонки влегоа во третиот круг на „Гранд“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK