април 28, 2026

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше големи физички и задравствени проблеми во осминафиналниот натпревар во Шангај против Хауме Мунар.

Листот на левата нога го мачеше Ѓоковиќ во текот на целиот меч, а дополнителен проблем му правеше високата влажност во воздухот.

Новак повраќаше неколку пати и во претходниот дуел, а го стори тоа и во дуелот со Мунар.

За ова му се извини на својот ривал.

„Извини што чекаше, морав да ја исчистам повраќаницата“, рече Ѓоковиќ, откако го избриша бетонот.

„Не грижи се, амиго, не брзај“, му одговори Мунар.

На крајот, Новак победи со резултат 6:3, 5:7, 6:2 и во следната рунда ќе игра против 26-годишниот Белгиец, Зизу Бергс.

Foto/ EPA

Share

The post Ѓоковиќ до Мунар: Извини што чекаш, морав да ја избришам повраќаницата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK