Дали некогаш сте се запрашале кои се најважните елементи за здрава љубовна врска? Покрај љубовта, почитта и поддршката се клучните детали кои можат да ви помогнат да се чувствувате среќно и исполнето.
Зошто е тоа така?
Неопходно е да му доставите до знаење на партнерот дека ви е потребна неговата поддршка. Но, од друга страна, потребно е и вие, во иста мера, да му пружите подеднаква поддршка. Со други зборови, меѓусебната поддршка придонесува не само за постабилна љубовна врска туку може и да го подобри ментално здравје на двајцата партнери.
Освен тоа, едно истражување покажало дека не само примањето туку и давањето поддршка може да игра важна улога во целокупното здравје на единката. Така, истражувачите откриле дека кај оние испитаници кои биле подготвени да им пружат поддршка на своите блиски или пријатели постоел намален ризик од појава на хронични заболувања. Ова е уште еден доказ за потребата од меѓусебната поддршка во рамките на љубовната врска.
Зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска?
Како да научите да давате поддршка, а не само да ја добивате
1.Станете свесни за вашите сопствени чувства, желби и цели — непосредни и долгорочни — во рамките на вашата врска.
2.Станете свесни и за чувствата, желбите и целите на партнерот – непосредни и долгорочни – во вашата врска. Излезете надвор од себе и обидете се да продрете во внатрешниот свет на партнерот.
3.Набљудувајте и идентификувајте го влијанието што го имате врз партнерот. Тоа може да биде вербално или невербално или дури да биде поврзано со физичкиот изглед. Во работна средина, тоа може да биде поврзано со улоги. Земете ги предвид сите реакции. Бидете слободни да прашувате.
4.Набљудувајте и идентификувајте го влијанието на партнерот врз вас. Слично на тоа, може да биде вербално, невербално или да станува збор за одредени аспекти во поглед на физичкиот изглед или однесување.