април 28, 2026

Откако во јавноста се појави снимката како едно службено возило на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје поминува преку две полни линии, и уште вклучува и флешери беше откриено дека тој бил возач на министерот за здравство Азир Алиу. Возачот доведе во опасност неколку пешаци, а потоа неправилно се престројуваше.

Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение извести дека се работи за Б.Б., дека со него е извршен разговор и дека санкциониран.

„Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул. ‘Партизански одреди’ управува службено возило ‘шкода’ со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“.

МВР не соопштува каква е санкцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK