април 28, 2026

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона.

Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција.

„Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија.

Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот.

Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Елче, Бриж и веројатно Селта. Реално се очекува да се врати за мечот со Атлетик Билбао на 23 ноември, по следната репрезентативна пауза.

 

Share

The post Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK