Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.
Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.
The post Левандовски заминува од Барселона по завршувањето на сезоната appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
