април 27, 2026

Вечерва, во фоајето на Националната опера и балет,  со почеток во 20 часот, во рамките на нивната турнеја по повод 50-годишнината од основањето, финскиот мешан хор „Доминанте“, под диригентската палка на маестро Сепо Мурто, ќе изведе разновидна програма со дела од светскиот репертоар и ќе ја даде светската праизведба на композицијата „Јовано Јованке“ од македонската композиторка Дарија Андовска.

Концертот во Скопје се одржува по неколкудневни подготовки на хорот во Охрид. Во Скопје хорот ќе одржи и заедничка проба со мешаниот хор на ФМУ „Драган Шуплевски“, предводен од маестро проф. Сашо Татарчевски.

Хорот „Доминанте“, основан во 1975 година при Универзитетот „Аалто“ во Хелсинки, е еден од најпознатите фински хорови, препознатлив по својот блескав звук и уметничка извонредност.

Share

The post Финскиот хор „Доминанте“ со светска премиера на „Јовано, Јованке“ од Дарија Андовска appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK