април 28, 2026

Ив Бисума, репрезентативец на Мали, се повреди на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во кој неговата репрезентација го победи Мадагаскар со 4:1.

Бисума против Мадагаскар го одигра првиот натпревар од почетокот на сезоната, бидејќи долго отсуствуваше поради повреда на коленото. Во првиот натпревар во сезоната Бисума на теренот мина 15-20 секунди.

При резултатот од 3:0 за Мали, Бисума веднаш стигна до топката и токму кога се спремаше да поведе контранапад, следеше стартот на противникот, по што Бисума мораше да биде изнесен од теренот.

Засега нема проценки колку ќе паузира.

Бисума има договор со Тотенхем до крајот на сезоната, како што сега стојат работите тој ќе го напушти клубот.

Share

The post (Видео) Бисума се врати по повредата, па по 15 секунди повторно се повреди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK