април 27, 2026

Сензационалниот победник на Мастерсот во Шангај, Валентин Вашеро, забележа огромен скок на АТП листата, на која првото место и понатаму го држи Карлос Алкараз.

Вашеро играше квалификации во Шангај, на крајот си замина со трофејот во рацете и 1.000 поени.

Тенисерот од Монако, турнирот го започна како 204-ти во светот, а по завршувањето на Мастерсот се наоѓа на 40-то место.

Шпанецот Карлос Алкараз ја држи првата позиција со 11.340 поени, Италијанецот Јаник Синер е сè уште втор играч во светот со 10.000 поени, додека Александар Зверев е трет, а Тејлор Фриц е четврти. Петтата позиција ја задржа Новак Ѓоковиќ.

Шестиот тенисер на планетата е Бен Шелтон, по него следуваат Алекс Де Минор, Лоренцо Мусети, Џек Дрејпер и Карен Хачанов.

Share

The post Сензационалниот победник во Шангај „скокна“ 164 места на АТП листата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK